Најладното село во светот е Ојмјакон, кое се наоѓа на далечниот исток во Русија, во областа Јакуст. Тука температурите паѓаат и до 60 степени под нулата. Досега најниската температура била измерена 71,2 степени целзиусови. Ветерот дува многу ретко, а годишно паѓаат повеќе од 200 милилитри дожд.
Тамошните жители се жалат на ваквите временски услови и велат дека се среќни само во деновите кога малку ќе се стопли. Особено децата, кои тогаш на училиште одат со полесна облека.
„Едноставно полесно се дише“, објаснуваат тие.
На лето пак, температурите на ова место варираат од 20 до 30 степени целзиусови. Највисоката е забележана во 2010 година, кога биле измерени 34,6 степени целзиусови.
The post (Видео) Најладното село во светот е во Русија, каде што луѓето живеат и на 60 степени под нулата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде