декември 23, 2024

Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа ни изјавија од МВР.

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари .

The post Приведен Драган Даравелски при влез во Македонија appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK