април 23, 2026

Британскиот принц Хари сака повторно да го чува британската безбедносна служба. Ваквото барање тој ќе го презентира пред Апелациониот суд.

Принцот Хари, војводата од Сасекс, ја загуби заштитата од британската влада во февруари 2020 година, откако се повлече од функцијата активен член на кралското семејство и се пресели во САД.

Хари тврди дека тој и неговото семејство се изложени на ризик кога ја посетуваат неговата татковина поради непријателството насочено кон него и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, на социјалните мрежи и постојаното медиумско вознемирување.

Хари, 40-годишниот помлад син на кралот Чарлс Трети, се откажа од тужбата за клевета против „Дејли мејл“ поради написот во кој се тврди дека тој се обидел да ги скрие своите напори да продолжи да го користи обезбедувањето финансирано од британската влада.

Во друг случај, пак, тој постигна значајна победа на судењето во 2023 година во спорот против издавачот „Дејли Мирор“ бидејќи судијата утврди дека хакирањето на телефонот на Хари било „широко распространето и рутинско“ во таблоидот.

Share

The post Принцот Хари на суд, има само едно барање до британската влада appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK