Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во телата на Европска Унија додека не се постигне сеопфатен договор.
– Нашиот став е дека тоа ќе го загрози постигнувањето компромис, ако одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела, истакна Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Будимпешта.
Сијарто нагласи дека, кога станува збор за Косово, Унгарија е заинтересирана за постигнување решение засновано на „вистински и реален дијалог“.
– И затоа го прифативме раководството на силите на КФОР, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување на мирот. Сакаме да се постигне компромис што е можно поскоро, наведе Сијарто.
Следете не, не има насекаде