Ерменија денеска објави дека одби да биде домаќин на воена вежба на алијансата предводена од Русија во 2023 година, поради незадоволството од Москва поради затворањето на важната сообраќајна рута за снабдување на енклавата Нагорно Карабах.
Информациите доаѓаат во време кога Ерменија покажува зголемени знаци на нетрпеливост кон својот руски сојузник, кој го обвинува дека не одговара на „провокациите“ на Азербејџан во однос на Карабах, каде Москва, која во моментов е заглавена со офанзивата во Украина, ги распореди своите мировни сили.
„Ерменија смета дека не е соодветно оваа година да се одржи вежба на Организацијата на Договорот за колективна безбедност. Таа вежба нема да се одржи“, изјави премиерот Никол Пашинјан на прес-конференција. Како што рече Пашинјан, Ереван веќе ја известил воената алијанса предводена од Москва, која собира неколку поранешни советски републики.
Тој особено ја прекори Организацијата на Договорот за колективна безбедност дека „не ги осудува дејствијата на Азербејџан“, а Русија дека не ја исполнила својата задача како „гарант на ерменската безбедност“. „Ерменија очекуваше специјални акции од руските и другите партнери во областа на безбедноста. Но, на Ереван му беше кажано дека границите на Ерменија и Азербејџан не се воспоставени“, се пожали Пашинјан.
Следете не, не има насекаде