декември 24, 2024

Момчето кое во декември фрли со јајца по британскиот крал Чарлс Трети, денес се појави пред британскиот суд. Против него се води постапка за кршење на јавниот ред.

Дваесет и едногодишниот Хари Спартакус, е обвинет дека на 6 декември фрлаше јајца кон Чарлс, кога кралот беше во посета на Лутон, каде имаше состанок со градските официјални власти, добротворни организации, а го посети и новиот храм Сика.

Засега Хари се нема произнесено дали се чувствува виновен, а наредното рочиште е закажано за во петок. Не се знае ни колкава казна би можел да добие. Претходно уште едно 23 годишно момче беше уапсено на почетокот на ноември затоа што фрли јајца кон кралот во Јорк, на северот на Англија.

Беше ослободен со кауиција, а тогаш на полицијата им рече дека Велика Британија е изградена од крвта на робовите, алудирајќи на колонијалното минато на земјата. За потсетување, Чарлс Трети во септември ја наследи кралицата Елизабета на тронот. Медиумите пренесоа дека е многу помалку популарен од неа.

The post Момчето што фрлаше со јајца по кралот Чарлс денес се појави на суд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK