септември 23, 2024

Тренерот на Рома, Португалецот Жозе Мурињо ја одбил понудата да ја преземе бразилската фудбалска репрезентација, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Фудбалската репрезентација на Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите поднесе оставка по елиминација од Хрватска во четврт-финалето на Светското првенство во Катар.

Раководството на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) стапило во контакт со тренерот на Рома, бидејќи сметале дека португалскиот стручњак е идеален кандидат за замена на Тите.

„Кориере дело Спорт“ наведува дека Мурињо ја одбил понудата да ја преземе селекцијата на Бразил, бидејќи сака да се концентрира на обврските во Рома.

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, претходните денови разговараше со Мурињо и го убедуваше да ја преземе селекцијата на „кариоките“.

Меѓутоа, во разговор со Роналдо и претставниците на ЦБФ, Португалецот го повтори својот став дека сака да се посвети на клупска кариера и дека во овој момент не е подготвен да биде селектор на ниту една репрезентација.

Мурињо (59) ја презеде Рома во 2021 година, а минатата година со овој клуб ја освои Конференциската лига. Претходно ги водеше Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK