декември 23, 2024

Веројатно само редовните играчи во обложувалниците и оние најголеми фудбалски фанатици знаат дека периодов на Блискиот Исток се игра 25-тото издание на Арапскиот Заливски куп, а оттаму ни доаѓа и една необична дешавка.

Фудбалерите на Оман, кои се предводени од хрватскиот селектор Бранко Иванковиќ, синоќа го победија Јемен со 3:2 во натпревар од 2. коло од групата А на овој турнир.

На стадионот „Ал-Басрат Ал-Ријадија“ во Басра во Ирак, јеменскиот голман Али Ахмед беше трагичар на својата репрезентација. Прво во 2. минута сакаше да ја боксува топката по еден корнер, но ја испрати во сопствената мрежа. Потоа Јемен израмни од пенал во 12. минута кога прецизен беше Абдулуаси Ал-Матари, а Омар Ал-Дахи погоди за водство на Јемен од 2:1 во 30. минута.

Оманецот Аршад Ал-Алауи изведе слободен удар во 37. минута, а јеменскиот голман Ахмед повторно имаше лоша интервенција па Оман да израмни на 2:2. Дека натпреварот беше вистинска комедија покажа и пеналот за Оман во последната минута пред паузата кога Ал-Алауи се лизна шутирајќи, па топката летна високо како за во НФЛ.

На паузата јеменскиот слекетор направи само една замена и тоа менувајќи го несигурниот голман Али Ахмед со Мохамед Хајрала. Замената капитулираше само две минути по паузата кога Исам Ал-Сабхи погоди за Оман за победа од 3:2. Рака на срце, голманот немаше вина за овој гол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK