„Ние нема да запреме да [напредуваме] во одбранбената индустрија“, порача турскиот претседател
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека извозот во одбранбената индустрија на Туркије минатата 2022 година достигнал рекордни 4,4 милијарди долари, што претставува зголемување во однос на извозот пред 20 години, кога изнесуваше 248 милиони долари.
„Додека во 2002 година, кога Партијата на правдата и развојот (АК) дојде на власт, имаше само 56 турски компании во одбранбениот сектор, до 2022 година таа бројка надмина 2.000“, додаде тој.
„Ние нема да запреме да [напредуваме] во одбранбената индустрија“, порача турскиот претседател.
„Буџетот на Туркије минатата година одвои 1,5 милијарди долари за истражување и развој во одбранбената индустрија, што е повеќе од 49 милиони долари“, додаде Ердоган.
Во врска со развојот на одбранбената индустрија, турскиот претседател рече: „Оваа година го ставаме во употреба Анадолу, кој ќе биде првиот брод во светот со беспилотни борбени летала (UCAV).“
„Бајрактар TБ3 УКАВ, што ќе биде распореден на амфибискиот јуришен брод Анадолу, ќе го има својот прв лет оваа година“, додаде тој.
Бајрактар ТБ3 ја нуди можноста за вршење операции со вооружени беспилотни летала во прекуморски мисии.
Ердоган нагласи дека оваа година првиот лет ќе го има и јуришниот хеликоптер од тешка класа Атак-2.
AA
Следете не, не има насекаде