мај 2, 2026

Во судирите меѓу полицијата и хулиганите во пресрет на римското дерби меѓу Лацио и Рома, повредени се 24 полицајци, а причинета е материјална штета од 40.000 евра.

„Згрозен сум. Неприфатливо е хулиганите да трансформираат фудбалски натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.

Околу 2.000 полицајци беа распоредени на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Навивачите фрлаа пиротехника и тврди предмети кон полицајците. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.

И Лацио и Рома изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството. Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Share

The post Градоначалникот на Рим: Урбана војна на улиците пред дербито Лацио-Рома appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK