мај 2, 2026

Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба.Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот.

– Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираше СВР Куманово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK