мај 2, 2026

Жената која беше видена како лежи неподвижна во центарот на Охрид во понеделникот, 14 април, се здобила со повреди од удар со мопед кој го управувал 14-годишник, информираше охридската полиција.

Според новите детали 58-годишна Н.Р. возела велосипед кога била удрена од мопед на крстосницата на булеварот Туристичка со улицата Даме Груев. Несреќата се случила на самиот пешачки премин.

Со повреди завршил и 14-годишникот. Двајцата се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи“, се вели во полицискиот билтен. И двете лица се од Охрид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK