мај 2, 2026

По добиена пријава во ЦУК за накосена и расклатена клима над Уни Банка во Кавадарци, која претставуваше опасност за минувачите, особено за лицата кои ги користат услугите на банката, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов веднаш стапи во контакт со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, по што проблемот беше веднаш отстранет, односно климата беше фиксирана.

Апелираме до граѓаните доколку забележат слични вакви опасности кои можат да ја загрозат нивната безбедност по животот и здравјето, како и материјалните добра, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK