мај 2, 2026

Утринава, нешто по 4 часот, во скопската населба Центар, бил фрлен молотов коктел врз објект кој функционира како кабаре и се наоѓа на улицата „50-та Дивизија“ дознава 24инфо.

Според првичните информации, од огнената направа е предизвикана материјална штета – оштетен е дел од инвентарот во објектот, но за среќа нема повредени лица.

Кабарето, според податоците, поседувало важечка лиценца за работа. Полицијата изврши увид на местото и работи на целосно расветлување на случајот, како и на откривање на сторителот или сторителите на нападот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK