мај 2, 2026

Точно 34 минути траеше враќањето на Нејмар на теренот и неговиот прв натпревар во новата сезона од бразилскиот шампионат.

Толку издржа славниот Бразилец пред да биде заменет поради нова повреда. Тој во солзи го напушти теренот.

Натпреварот меѓу Сантос и Атлетико Минеиро требаше да биде славенички за Нејмар. Покрај тоа што беше негов прв оваа сезона за клубот и прв по повредата поради која беше надвор од терените повеќе од еден месец, тоа беше и неговиот јубилеен 100-ти настап на стадионот на Сантос. Поради тоа на грбот го носеше бројот 100.

Прославата беше расипана по нешто повеќе од половина час игра. Нејмар почна да покажува знаци на болка во левата надколеница веднаш по почетокот на натпреварот. Многу брзо стана јасно дека ја обновил повредата.

Неколку минути откако Сантос ја зголеми предноста со втор гол, Нејмар се сврте кон клупата и побара да биде заменет. Тој седна на теренот и побара помош да излезе од теренот. Соиграчите и ривалите го тешеа во солзи.

Нејмар за чии трансфер ПСЖ на Барселона и плати рекордни 222 милиони евра, од 2017 година имал 33 повреди, пропуштил 220 натпревари како играч на ПСЖ, Ал Хилал и сега Сантос.

Натпреварот заврши со победа на Сантос 2:0.

Share

The post (Видео) Нејмар требаше да слави, а теренот го напушти во солзи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK