мај 2, 2026

Верниците од православна веросиповед во пресрет на големиот празник Велигден изработија Велигденско јајце со висина од 2,3 метри и го поставија во дворот од тетовската црква Свети Кирил и Методиј, јави МИА

„За изработката на ова големо јајце користени се материјали како стиропор и гипс и други материјали што ги имавме дома. Направивме јајце високо 230 сантиметри, а обемот му е 160 сантиметри“, велат верниците од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток кои учествуваа во изработката.

Старешината на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, отец Александар Стојановски, рече дека во православието јајцето го симболизира животот.

Денеска уште едно вакво јајце високо 1,7 метри, е поставено и во дворот на црквата „Св. Никола“ во Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK