декември 23, 2024

Фудбалските репрезентации на Бразил и Португалија останаа без селектор по неуспехот на Светското првенство во Катар. Откази добија Тите и Фернандо Сантош, а интересно е што за португалскиот стручњак Жозе Мурињо има интерес од двете екипи.

Сепак, ,,Специјалниот“ има договор со Рома до 2024 година, а според италијанските медиуми „Волчицата“ не размислува да се раздели со тренерот. Исто така, во Рома не се подготвени Мурињо да преземе двојна улога.

Се шпекулираше дека Мурињо ќе ја преземе Португалија, но ќе продолжи да работи и со Рома.

Сега се јави поранешниот фудбалер на Мурињо, кој беше член на Порто кој ја покори Европа во 2004 година, Карлос Алберто, кој тврди дека „Специјалниот“ ќе стане тренер.

– ,,Ова директно ќе го кажам. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Ова е веста која официјално ви ја соопштувам. И не само тоа, тој ме замоли да му бидам асистент” – изјави Алберто за „Мундо ГВ“.

“Talvez o Mourinho seja o novo técnico da seleção brasileira, estou te falando em primeira mão. É informação. Ele me convidou, inclusive, pra ser auxiliar.”

Carlos Alberto no podcast ‘Mundo GV’ pic.twitter.com/RRjYyAMUtt

— UOL Esporte (@UOLEsporte) January 8, 2023

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK