мај 2, 2026

Триесет и осумгодишен маж го загуби животот отако вчера попладне возејќи мотоцикл изгубил контрола и излетал од пат во Скопско.

„Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK