– Изминатата 2022 година е рангирана меѓу најскапите во историјата на осигурувањето поради природни катастрофи, со најголема штета предизвикана од ураганот Иан во САД и поплавите во Австралија, објави денеска реосигурителот Минхен Ре.
Природните катастрофи предизвикаа околу 120 милијарди долари штети покриени со осигурување минатата година, слично како во 2021 година.
Најголемиот износ е постигнат во 2017 година, забележува осигурителот.
Во изминатите пет години просечната осигурена загуба изнесуваше 97 милијарди долари, а проценката на Минхен Ре е повисока од првичната пресметка на конкурентот Свис Ре, кој ја процени осигурената штета во 2022 година на 115 милијарди долари.
Следете не, не има насекаде