декември 23, 2024

На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор,.

Изворите велат дека Даравелски решил да влезе во Македонија откако преку неговите адвокати се уверил дека неговите дела се застарени и не може да биде задржан на издржување на затоврската казна која му е досудена во 2007 година. По неговото вчерашно апсење ќе бидат потребни само неколку денови за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин.
Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, кој со години беше азилант во Белград, откако беше осуден во отсуство, вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце и однесен во затворот Идризово на отслужување на затворската казна.

Даравелски беше директор на Царинската управа, а во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор, по што беше баран со потерница на Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран, а и до ден денешен не се изврши неговата екстрадиција.
Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и овластување и оштетување на државниот буџет за 2,5 милиони евра. И неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше осуден за истото дело, а судот одлучи на двајцата да им се заплени имотот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK