декември 23, 2024

Прибор за јадење кој најчесто го користат деца повлечен од македонскиот пазар. Станува збор за бамбус чинии, чашки, длабоки и чинии со прегради како и сетови од француски производител.

Агенцијата за храна и ветеринарство добила предупредување од европскиот систем за небезбедна храна дека овие пластични производи кои содржат бамбусови влакна се потенцијален ризик по здравјето затоа што за повеќето адитиви од растителна основа, вклучително и бамбусот не е направена проценка за безбедност при нивна употреба во пластиката.

„Пластичните производи што се продаваат како материјали за контакти со храна, кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија, не се во согласност со одредбите од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната,ој е усогласен со ЕУ Регулативата 1245/20 и која ја дополнува Регулативата (ЕУ) 10/2011 за пластични материјали во допир со храна“, информираат од АХВ.

Сите кои имаат купено вакви производи, да не ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени.
Засега нема информација колкава количина од спорните производи е увезена и продавана на македонскиот пазар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK