Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека околу 250.000 квадратни километри или околу 40 отсто од територијата на Украина се минирани од почетокот на рускиот напад од минатата година.
– ,,Ова во моментов е најголемото минско поле во светот” – изјави Шмихал за јужнокорејската агенција Јонхап.
Според него, минираната површина е поголема од целиот Корејски полуостров, Романија и речиси колку Велика Британија.
Тој изјави дека со оглед на тоа што голем дел од територијата е минирана, сега е многу опасно земјоделците да сеат и да жнеат, што ќе го доведе во неволја украинското земјоделство.
За време на летната жетва, неколку земјоделци загинаа кога нивните трактори налетаа на нагазни мини во областите во близина на Харков и Суми, според Јонхап.
Малку порано, Државната агенција за вонредни состојби објави дека на крајот на војната, на Украина и’ требаат 10 години да ја деминира својата територија.
Следете не, не има насекаде