мај 3, 2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши објави оглас за ново тројазично лого на Собранието, кое, како што се вели во огласот, треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Од Собранието велат дека новото лого треба да го модернизира визуелниот идентитет на институцијата.

Во членот 2 став 3 од огласот се вели: „Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на собранието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговотО писмо и на англиски јазик и неговото писмо“.

Понатаму во огласот се наведува и дека логото треба да ги одразува националните вредности и вредностите на институцијата и дека треба да се избегнуваат премногу трендовски, разиграни и лежерни стилови

Идејното решение ќе го оценува комисија формирана од претседателот на Собранието Африм Гаши.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK