мај 3, 2026

Поради погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на 26. април, одлучено е тој ден да не се играат натпревари од италијанската Серија А.

Според распоредот требаше да се одиграат три натпревари од 34.коло: Комо – Џенова, дербито Интер – Рома и Лацио – Парма.

Се уште не е потврдено, но италијанските медиуми навестија дека натпреварите Комо-Џенова и Лацио-Парма ќе се одиграат в недела или понеделник.

Останува непознато кога на теренот ќе излезат фудбалерите на Интер и Рома, бидејќи проблем е првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој Интер ќе го игра против Барселона на 30 април во Шпанија.

На табелата во Серија А водат Интер и Наполи. Двата клуба имаат по 71 бод.

Share

The post Погребот на Папата во сабота ги одложи натпреварите во Серија А appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK