септември 23, 2024

 Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина. Тоа е прва посета на висок функционер од една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германскoтo Министерството за надворешни работи.

Бербок пристигна во Харков на покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. Таа рече дека украинското население може да смета на солидарноста и поддршката од Германија.

– Овој град е симбол на апсолутното лудило на руската агресивна војна во Украина и бескрајното страдање со кое луѓето, особено овде на истокот на земјата, секојдневно се соочуваат, рече Бербок.

Од безбедносни причини, нејзината посета била обелоденета додека таа била во возот кој се враќал од Украина за Германија.

Многу западни лидери престојуваа во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Но, никој не престојувал толку далеку на исток, каде руските сили зазедоа делови од украинската територија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK