мај 3, 2026

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на паркот Бановина во населбата Лисиче, како дел од поширокиот план за унапредување на урбаната инфраструктура во општината.

Реконструкцијата опфаќа обнова на фонтаната – и на хидрауличниот систем и на нејзиниот надворешен изглед. Летниковците ќе добијат нов лик, збогатени со шаховски маси за дружење, а паркот ќе биде хортикултурно освежен за пријатен престој низ целата година.

За најмладите се поставуваат нови елементи во детското катче, со посебен акцент на безбедноста, а ќе бидат заменети и старите клупи и канти за отпадоци.

Во склоп на реконструкцијата, ќе биде уредена и црквата во паркот, која ќе добие осветлување и ќе биде ставена во функција на верниците.

Општина Аеродром најавува дека ова е само почеток – во следниот период ќе бидат реконструирани сите паркови во општината, создавајќи зелени оази за одмор и дружење на жителите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK