мај 3, 2026

Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли блесна во бикини од „Барбери“ и ја покажа својата беспрекорна фигура во новата кампања на луксузниот моден бренд.

Вајлти (38) објави атрактивни фотографии од зад сцената. Објавата предизвика лавина коментари од обожаватели и познаници од светот на шоубизнисот, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзиниот изглед.

Овој едиторијал доаѓа откако таа сподели серија фотографии од нејзиниот велигденски викенд претходниот ден. Роузи објави албум со семејни моменти со седумгодишниот Џек и тригодишната Изабела, децата што ги има со свршеникот, актерот Џејсон Стејтам.

Таа исто така покажа низа елегантни комбинации, вклучувајќи црна кожна јакна со бели фармерки и беж мантил во комбинација со бела маичка и очила за сонце.

Роузи е во долгогодишна врска со актерот Џејсон Стејтам (57), со кого има две деца. Двојката се сврши во 2016 година, а моделот ја сподели среќната вест на доделувањето на Златните глобуси. Иако се верени речиси една деценија, бракот не им е приоритет.

 

Share

The post Роузи Хантингтон-Вајтли блеска во бикини од „Барбери“, ги воодушеви своите следбеници appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK