мај 3, 2026

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулавкова на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

„Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К.“, соопшти Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет кој ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде одреден термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK