мај 3, 2026

На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од село Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.

Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, пак, младиот возач од Миладиновци пријавил во полиција дека вчера бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK