Амнести интернешнал ги обвини Шпанија и Мароко дека се заеднички одговорни за смртта на најмалку 37 мигранти на граничната ограда на шпанската северноафриканска ексклава Мелила.
На 24 јуни, неколку стотици мигранти, главно од Судан, се обидоа да ја преминат граничната ограда меѓу Мароко и Мелила за да влезат во ЕУ, јави ДПА.
Според официјалните податоци, најмалку 23 лица загинале, стотици се повредени, а 77 лица оттогаш се пријавени за исчезнати од страна на групите за човекови права во Мароко.
Мароканските безбедносни сили брутално ги разбија групите младите мажи, како што се гледа на видео снимка објавени на социјални мрежи. Шпанија и Мароко негираат каква било одговорност за смртните случаи.
По инцидентите, мароканската влада ги обвини самите мигранти, обвинувајќи ги за „сериозно насилство“ врз безбедносните сили.
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска енергично ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „апсолутно лажни“. Единаесет мигранти добија медицинска помош на шпанска страна во тоа време, соопшти Министерството.
Директорот на шпанскиот огранок на Амнести, Естебан Белтран, рече дека двете земји се виновни за „злосторства против човештвото“.
Следете не, не има насекаде