декември 25, 2024

За речиси 20.000 денари пораснале месечните трошоци за една година. Според извештаите на ССМ, ако на едно четиричлено семејство во јануари лани му биле потребни над 30.000 денари за да ги покријат основните потреби за живот во месецот, веќе во декември за тоа им требале над 50.000 денари.

Потрошувачката кошница сериозно почна да ги топи примањата на граѓаните. Најголем дел од парите одат за храна, за пијалоци и за домување, пренесува Телма.

Од синдикатот за Телма велат дека е крајно време платите да почнат да се зголемуваат, затоа што ценовните шокови стануваат неиздржливи.

-ПОКРАЈ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ КОЕ Е НЕМИНОВНО, ЗА ДА СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДРЖАВАТА И ВЛАДАТА МОРА ДА СПРЕЧИ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ЖИВОТНИ ПРОДУКТИ, ДА ВОДИ СМЕТКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ КОИ СЕ ВЕЌЕ ДОНЕСЕНИ И ДА НЕ ДОЗВОЛУВА ПРОФИТЕРСТВО ОД СТРАНА НА ОДРЕДЕНИ ГАЗДИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СТАБИЛНОСТ НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА И ПРИТОА ДА СЕ ЗАШТИТАТ НАЈРАНЛИЛВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ И РАБОТНИЦИТЕ И ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРАВИЛНА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА И ФИСКАЛНА КОНСОЛИДАЦИЈА. ОЧИГЛЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ МОРА ДА ГО СЛЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ПРЕКУ ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ, ОСОБЕНО ПОРАДИ ПОВОЛНОСТИТЕ КОИ СЕ ОВОЗМОЖИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ДОПСИОТ ОД ССМ.
Вчера и статистика излезе со податок дека 2022 година се заврши со инфлација од над 14 проценти. Најголемите поскапувања има кај храната и кај енергенсите. На почетокот на годинава цените почнаа неконотролирано да растат, а со тоа се вивна и инфлацијата. Најголемиот пик беше во октомври кога достигна речиси 20 отсто. Потоа последните два месеци имаше благо намалување.

Народната банка како механизам за ублажување на последиците од високите цени, неколку пати ја зголеми каматната стапка на благајничките записи. Од оваа стапка зависи како ќе се движат каматите и на кредитите и на депозитите. Сепак, експертите не се оптимисти дека нешто ќе се промени годинава. Нивните прогнози се дека цените ќе продолжат да растат и во 2023 година.
Властите, пак, веќе неколку пати најавија намалување на цените, откако обезбедија поевтина струја за дел од прехранбените компании, нешто што го бараа подолго време, а која беше клучен фактор за поскапувањето. Сепак, тие ја добија струјата, но намалувањето беше незначително. Цените останаа високи и за време на новогодишните празници. Сега пак компаниите поголеми поевтинувања најавуваат до крајот на месецов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK