Поради покачувањето на цените на енергијата и на поскапувањето на животот, работниците во речиси сите сектори ќе протестираат и штрајкуваат во петок во Белгија, се очекуваат проблеми на бриселскиот аеродром.
Протестот ќе се одржи на вториот ден на ЕУ самитот во Брисел, што несомнено ќе го парализира целокупниот транспорт во градот.
На бриселскиот аеродром синдикатите најавија штрајкови и побараа од авиокомпаниите превентивно да откажат одреден број летови. Персоналот би требало да е околу 30 отсто помал од обично на аеродромот, и се бара капацитетот на летање да се намали за 70 отсто.
Синдикатите не се задоволни од решенијата што ги нуди владата за сега, како бонус од 700 евра за работниците во “профитабилни компании“.
Проблеми се очекуваат и со сите други превозни средства како метро, автобус и трамвај.
Следете не, не има насекаде