мај 2, 2026

Попладнево на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. Како што информираат од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешката Општа болница.

Како што информира д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK