декември 23, 2024

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека ограничувањето на цената на руската нафта воведено од западните земји во декември ја ограничило заработката на Русија. Според неа, таа мерка очигледно ја исполнила целта да се задржи руската нафта на пазарот, а во исто време да се ограничи заработката на Русија.

„Иако ограничената цена на суровата нафта е на сила само околу еден месец, веќе видовме напредок кон исполнување на целта. Високи руски функционери признаа дека ограничувањето на цената на руската нафта ги намали руските приходи од продажба на енергенти“, рече Јелен на состанокот со канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

Горната граница на цената на суровата нафта и забраната за користење на поморското осигурување од страна на западните осигурителни компании беа воведени на 5 декември од страна на земјите членки на Г7.

Јелен нагласи дека енергетските пазари се уште се добро снабдени и покрај ограничувањето на цената на руската нафта и забраната за увоз на сурова нафта од Русија воведена од ЕУ.

Официјална Москва вети дека ќе ја забрани испораката на нафта за земјите што се придржуваат до наметнатата граница на цената на руската нафта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK