Во Њујорк е отворено лизгалиште на 100-ти кат од комплексот зградата Хадсон Јардс. Лизгалиштето „Еџ“ е највисокото лизгалиште на отворено во светот.
Лизгалиште е со површина од 95 квадратни метри и ќе биде отворено до 14 март. „Еџ“ овозможува уникатен поглед на Њујорк.
Лизгалиштето е од отворено од 10 часот наутро до 20 часот навечер, а секој четврток и петок има диџеј во живо во последните три часа.
Билетите се ограничени, а можете да резервирате само 30-минути за лизгање.
„Еџ“ ја има највисоката палуба на отворено небо во западната хемисфера, која се издига на 1.131 стапки во воздухот и се протега на 65 метри од 100-тиот кат на Хадсон Јардс.
The post На 100-ти кат од зграда во Њујорк се отвори лизгалиште appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде