мај 2, 2026

Американскиот актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата трансродова ќерка, Ејрин.

Де Ниро изјави за „Дедлајн“ дека го сакал и поддржувал Ејрон како свој син, а сега ја сака и поддржува Ејрин како своја ќерка, објави „Гардијан“.

Наведувајќи дека „ниеден родител не е совршен“, Ејрин им се заблагодари на Де Ниро и на нејзината мајка, моделот Туки Смит, што ја држеле подалеку од очите на јавноста за да може да има нормално детство.

Ејрин претходно даде интервју за онлајн ЛГБТК списанието „Дем“ во кое опиша како станала трансродова и дека чувствувала извесен страв и вознемиреност поради реакциите на нејзиното семејство.

„Дел од мене се плаши дека моето семејство можеби сè уште ме гледа како личноста што бев пред транзицијата“, рече таа.


Share

The post Де Ниро проговори за трансродовата ќерка: „Ниеден родител не е совршен…“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK