мај 2, 2026

Маж од селото Старо Чајле се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола врз четирицикл и удрил во ограда и порта на приватен објект во село Чајле, гостиварско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила околу 11:20 часот на регионалниот пат во ова село. Возачот на четирициклот поларис, 31-годишниот Ф.Н. од Старо Чајле, при движење изгубил контрола и удрил во жичана ограда и метална порта од објект сопственост на Ш.Б.

Од здобиените повреди, Ф.Н. најпрвин бил хоспитализиран во Медицинскиот центар во Гостивар, по што, поради сериозноста на повредите, бил итно префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK