Фото/ facebookFKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи.
Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. минута.
Вардар сега се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода и веројатно до крајот на сезоната ќе успее да го мине Гостивар кој сега е петти.

The post Вардар ја продолжи серијата без пораз, во Чаир го победи Шкупи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
