мај 2, 2026

Динамо го победи Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби со 1:3 и со тоа го презеде врвот на табелата.

Динамо поведе во 51-та минута со голот на Ронаел Пјер-Габриел, но само пет минути подоцна Марко Ливаја израмни. Сандро Куленовиќ постигна гол со глава во 64-та минута по асистенција на Марко Пјаца, додека Петар Сучиќ ја потврди победата во 102-та
минута.

Со оваа победа, Динамо го зголемија своето бодовно салдо на 58 и ги прескокнаа Хајдук и Риека, кои имаат по 56 . Риека има натпревар помалку, па може да го врати првото место со евентуална победа против Горица во недела.

За Динамо целиот натпревар го одигра Стефан Ристовски, додека Александар Трајковски во дресот на Хајдук настапи од 83-та минута.

Share

The post Динамо победи во Сплит, по седум месеци повторно е лидер во Хрватска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK