мај 3, 2026

Малолетен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во штипско.

На 06.05.2025 во СВР Штип е пријавено дека околу 16.15 часот на регионалниот пат Штип–село Шашаварлија, штипско, на влез во с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Штип и мотоцикл без регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од с.Шашаварлија, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK