мај 3, 2026

Бетис и Челзи ќе се борат за трофејот во Конференциската лига. Финалето на Конференциската лига е закажано за 25 мај во Вроцлав.

Бетис прв пат во 117-годишната историја ќе игра европско финале. „Зелено-белите“, по продолженија ја елиминираа Фиорентина со 4:3

Првиот меч во Севилја заврши со победа на Бетис 2:1, а со ист резултат заврши и реваншот во Фиренца.

Бетис поведе со голот на Антони, а потоа Фиорентина направи пресврт со головите на Робин Госенс. Херојот на Бетис стана Ез Абде кој успеа да погоди во 98.минута.

Челзи го одработи реваншот против Ѓургарден. По убедливиот триумф во Шведска 4:1, „сините“ на домашен терен славеа со 1:0. Единствениот гол во 38.минута го постигна Дузбери-Хол.

Share

The post (Видео) Бетис прв пат ќе игра европско финале, противник ќе му биде Челзи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK