мај 3, 2026

Долготраен притисок и закани
Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва на систематска уцена од свои соученици. Две други малолетни лица ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не им предаде пари.

Огромна сума одземена од дома
Од страв и под постојан психолошки притисок, оваа малолетна ученичка повеќепати земало пари од семејниот дом. Вкупната сума што им ја предала на соучениците достигнала дури 25.000 евра, што оставило сериозни последици врз семејниот буџет.

Таткото ја пријавил уцената
Случајот бил пријавен во СВР Скопје од нејзиниот татко, 52-годишен скопјанец, во петокот нешто по полноќ. Според полицијата, заканите и уцените траеле подолг временски период.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK