мај 3, 2026

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани, соопштија од иницијативата „SupportKocani“.

Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека музиката обединува таму каде што тишината боли.

– И дечките од „SupportKocani“ беа таму за да го почувствуваат тој момент на сплотеност и поддршка. Од име на цело Кочани благодариме. Ова нема да го заборавиме! – велат оттаму.

Тамара рече дека ова бил најемотивниот концерт во нејзиниот живот.

„Во моменти на тага и болка, секој/а од нас мислеше како може да помогне, а тоа да не е единствено со споделување на апели по социјални мрежи. Јас можам да помогнам преку тоа што најдобро знам да го правам – да пеам. Многупати се докажало дека преку музиката тагуваме, изразуваме болка, емпатија, поддршка… Инаку, иницијално идејата е на мојот татко, Велко, и решив да го послушам и заедно со мојот бенд и тим да организираме хуманитарен концерт за Кочани.“, истакна Тамара во неодамнешното интервју за Скопје Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK