мај 3, 2026

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција.
-Денеска Алијанса на Албанците едногласно одлучи да оди во опозиција. Беше состанок на преѕседателите на ограноците, на многу функционери на АА на кој констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскит блок после 20 години и за тоа сме многу горди. Меѓутоа промените што ги ветивме за жал не ги испорачавме. Затоа ние одлучливме да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори, рече Таравари.
Според него, има огромно незадовоство посебно кај Албанците како владее ВЛЕН во оваа Влада, посочувајќи на законот за балансерот, за третманот на Албанците во институциите, а за нив е многу битен и европскиот пат на Македонија.

Таравари рече дека тие сега се во оставка и дека ќе заминат од Владата што ќе бидат избрани нови членови и заменици во Владата.
Со ДУИ засега, вели Таравари, нема никаков договор, но имало некаква комуникација. Таравари најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.
На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според Таравари бил на пат, а еден од пратениците морал да замине кај семејството.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK