април 21, 2026

45-годишен жител на Тетово, како и двајца тинејџери од селото Шипковица, од кои еден е малолетен, добија кривични пријави поради тоа што најпрво тетовчанецот го тепал 18-годишното момче, по што тоа викнало другар и заедно, носејќи автоматска пушка, отишле кај куќата на тепачот, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „противправно лишување од слобода“ и против Ш.М.(18) и малолетник, двајцата од село Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.03.2025 првопријавениот со закана со пиштол го одвел второпријавениот позади угостителски објект во Тетово и физички го нападнал. Истиот ден, второпријавениот и третопријавениот, кој носел автоматска пушка, отишле во близина на куќата на првопријавениот, при што предизвикале страв кај присутните“, пишува во полициското соопштение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK