април 27, 2026

Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“.

Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона.

Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале за титулата.

Причината за ваквото размислување е фактот што ПСЖ доминира во Франција со години и е практично недопирлив за другите тимови. Новото правило можеби нема да ја прекине доминацијата на ПСЖ, но би го направил многу поинтересен финишот на сезоната.

Share

The post Револуција во Франција: За титулата ќе се игра Фајналфор турнир appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK