мај 4, 2026

Кумановец кој управувал четирицикл на некатегоризиран пат бил тешко повреден во Кавадаречко, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 18:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден,  кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл на некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден – Трибор – караула Пуљевац – Мајден и завршува до Мрежичко, паднал од четирициклот – појаснија од СВР Велес.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK