мај 3, 2026

Шампионот на Македонија, Шкендија, настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе го започне во првото коло. Поради лошиот коефициент, Шкендија ќе биде во групата неносители, што значи дека ќе добие потежок противник.

Гледајќи ја листата која ја објави УЕФА, овие четири тима се непосакуван ривал во првата рунда. Станува збор за Лудогорец (Бугарија), ФЦСБ (Романија), Малме (Шведска), Олимпија (Словенија).

Ждрепката за првото и второто квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе се одржи во Нион на 17.јуни. Натпреварите од првата рунда ќе се играат на 8. или 9. јули, а реваншите на 15. или 16. јули.

Share

The post Шкендија го дозна можните ривали во прва квалификациска рунда во ЛШ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK