мај 3, 2026

На овогодинешниот традиционален турнир во мал фудбал „Св. Никола“, кој се одржа во Требеништа, титулата ја понесе екипата на ФК Сатеска, која по возбудлива финална пресметка славеше на пенали против АСП ПАК. Двете екипи прикажаа извонредна игра, но Сатеска беше поуспешна во пенал-серијата и заслужено го освои првото место.

 

Во борбата за третото место, екипата на Битола Ќеимасе извојува победа против Др Баткоски, обезбедувајќи си место на победничкиот пиедестал.

Турнирот помина во фер и коректна атмосфера со одлична организација и поддршка од публиката, потврдувајќи уште еднаш дека станува збор за еден од најзначајните спортски настани во регионот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK