мај 3, 2026

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби.

Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето.

Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално да ги напаѓа.

Потоа тој ги нападнал и водечките луѓе на Еверолигата, Дејан Бодирог и Паулиус Мотиејунас, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.

Сопственикот на ПАО мораше да го напушти своето место крај теренот и го гледаше дуелот од тунелот, односно од зад вратата низ која се влегува во салата.

Инаку неговиот тим не успеа да влезе во финалето. Фенербахче го порази Панатинаикос со 82:76.

Share

The post (Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK